Нашиот скулптор Жарко Башески, професор на ФЛУ, кој живее и твори во Скопје, добитник е на наградата “Св. Климент Охридски” за неговиот придонес во областа на уметноста. Скулпторот располага со дарба за специфичен уметнички израз. За Одборот за доделување на државната награда за 2016 година тоа беше пресудно и го додели ова највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста.
Башески ќе ја добие наградата на 8 декември во Собранието на Македонија.
![]()

