НЕПРОПИСНИ МРЕЖИ

Историја

Иако некогашната Втора југословенска лига – Исток беше висок ранг во федералната држава, натпреварите што ги играше Победа не беа без недостатоци во поглед на условите на стадионот и елементите на теренот. На головите имаше мрежи кои беа многу затегнати и преблиску до стативите. Така, на еден натпревар се случи топката да се одбие од мрежата, а да не биде досуден гол. На 17 мај 1987 Победа го совлада Влазними од Ѓаковица со 2-1, а притоа се намачи да го постигне вториот гол. Топката удрена со глава од Алексовски, се одби од мрежата, судијата не виде и акцијата продолжи. За среќа тука беше Зефиќ, кој ја врати пак во мрежата и двата бода останаа во Прилеп.

Нови, широки мрежи беа наместени за наредната сезона 1987/88.

Loading