СРАМОТА!!!

Последна вест: ФК 11 Октомври е исклучен од натамошното натпреварување во Третата лига – Југ. ПРИЧИНА: вторпат не се појави на туѓ терен!? Така е тоа според прописите. Срамота за фудбалски Прилеп. Уште повеќе што до неодамна се нарекуваше за најфудбалски град во земјата и пошироко.

За ова што му се случи на 11 Октомври не се виновни фудбалерите и тренерите, па ниту симпатизерите. Проблемот е во клубот. Виновен е невиниот, 11 Октомври, кој во новата натпреварувачка сезона ќе стартува од најнискиот ранг, Општинската лига на Прилеп.

Каков парадокс? Само пред десетина дена, на свечена седница на ОФС Прилеп, овој клуб беше одликуван со ,,Златна плакета”!!!

Да се потсетиме. ФК 11 Октомври бил добитник на многу признанија, па и со највисоката општинска – Третоноевримската награда. Овој клуб е меѓу најстарите во земјата. Настапувал и во најелитното првенство – Првата лига. Може да се пофали и со подвиг дека од Купот го елиминирал и најтрофејниот клуб, Вардар…  Не им е сеедно ниту на дел од бизнисмените.

Срамота! Ваква судбина не смееше да се дозволи на клуб со славно име на еден од најславните датуми на македонската историја. Новинарите често, неговите фудбалери, ги именувавме како “револуционери”.

П.С.

Без силен 11 Октомври – нема силна Победа. Без силна Победа нема јака македонска репрезентација, чиј моментен рејтин е под “стотката”.

Миле Талески

новинар во пензија  

Loading