НЕИЗВЕСНА ЛИГА

Одбојка

Државната лига во одбојка за кадетки во Г – групата е мошне изедначена. Учествуваат две прилепски и една битолска екипа. На првиот турнир во салата од СОЕУ ,,Кузман Јосифоски – Питу” беа одиграни три натпревари. Многу возбудувања имаше на градското дерби 11 Октомври волеј – 11 Октомври 2-1 (26-24, 17-25, 15-6), а на останатите дуели 11 Октомври – Пелистер волеј 2-1 (21-25, 25-22, 17-15) и Пелистер волеј – 11 Октомври волеј 2-0 (25-14, 25-20). На табелата Пелистер волеј и 11 Октомври имаат по 3 бода, а 11 Октомври волеј 2.

Вториот турнир треба да се одигра идната недела.  

Loading