ПРЕСВРТОТ ПОЧНА ОД ЧАИР

Победа

Добриот резултат (2-2) на контролата со Младата репрезентација беше навестување на одличното издание на Победа со Шкупи (1-1) на стадионот “Чаир” во Скопје. Домашните поведоа во 28 минута, а израмни Шаркоски пет минути подоцна. Во екипата на Зоран Штерјовски на голманското место се врати Манчевски, десен бек Дан Талески, во средината најмладиот М. Наумоски и Илијовски. Победа беше сосема рамноправна и заслужено освои бод.

Следи ново гостување на Брегалница и надеж за триумф. За составот ќе конкурира и Ј. Наумоски, отсутен поради црвен картон.

Табела: Вардар 34, Шкендија 27, Пелистер 25, Работнички 20, Ренова 19, Силекс 18, Шкупи 15, Победа 11, Македонија ЃП 10, Брегалница 8.

Loading