ТРИ РАНГА ПОДОЛУ

Фудбал

Во сезоната 2011/12 екипата на 11 Октомври се натпреваруваше во највисокиот ранг – Првата лига, а како што стојат работите, в година ќе учествува во Општинската лига. Спуштањето три ранга подолу е поради двете неодиграни средби во есенскиов дел од Третата лига – Југ. Прво не отпатува во Мрзенци со Зорбас Победа, а потоа истото се повтори во Гевгелија со Кожуф. После ова следи исклучување и преселба во општински ранг. Штета за клубот, но очигледно немаше сили да продолжи. Од останатите екипи вниманието е кон Напредок Крушеани со шестата победа (4-3) против Младост Удово. Следи гостување на Росоман.

Табела: Кожуф 27, Борец и Победа В. 25, Напредок 20.

Loading