СУДБОНОСНО ДА НА ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА

Gosti pod vedro nebo

Местото каде ќе се каже судбоносното „Да“ е мошне важно во животот на младенците, затоа што во нивната меморија секогаш ќе се сеќаваат на мигот кога се заколнале на вечна љубов. Уште повеќе свечениот чин на крунисувањето на љубовта на двајца млади станува магичен, доколку се случува во прекрасен амбиент. Наместо скапи и луксузни ресторани со вештачко светло, млада брачна двојка за мигот кој се случува еднаш во животот и се памети за навек, избраа ведро небо и килим од зелена трева.

Токму Паркот на револуцијата, збогатен со водени содржини и уредени парковски површини, беше просторот за свадбената церемонија. Гостите уживаа во прекрасниот природен амбиент од кој се отвора панорамски поглед на градот.

Се запишаа во матичната книга под звуците на птиците официјализирајќи го граѓанскиот брак.

На  свечена церемонија која комплетно се одвиваше на отворено, за угостителските услуги се погрижи Терминал – Комуналец кој го стопанисува објектот.

Не само свадби, на Паркот каде се наоѓа и препознатливиот белег Могилата на непобедените, често се организираат и роденденски прослави.

Вистинско доживување за младите претставуваат и животните кои се чуваат во уредениот комплекс.

Loading