КРСТ ОД ДЕСЕТ МЕТРИ ВО НОВОСЕЛАНИ

Krst ke se postavi vo Novoselani

Крст висок 10 и широк 7 метри и тежок 2 тона ќе се постави на ридот во Новоселани, во општина Долнени в недела пред на празникот Св. Архангел Михаил во присуство на владиката Петар. Христијанскиот симбол со големи димензии ќе се издигне на 800 метри надморска височина од каде се гледа поголемиот дел од долненската општина и прилепското поле.

Идејата и финансиите за монументалното свето дело се на Владо Глигороски, наш сограѓанин, родум од Новоселани, а живее во Прилеп. Тој ги повикува сите добронамерници да ја подели радоста на овој среќен ден за семејството Глигороски.

Претходно на 30 септември беше поставен камен темелник на местото каде крстот ќе биде поставен. 

Loading