ПРИЛЕПЧАНЕЦ СУДЕШЕ АЈАКС – ЈУВЕ

Историја

Perula Kostoski do Krojf

На 30 мај 1973 на стадионот “Маракана” во Белград се одигра финалето од Купот на европските фудбалски шампиони меѓу Ајакс и Јувентус. Еден од помошниците судии на овој меч беше прилепчанецот Петар Костоски – Перула. Тој е единствениот Македонец кој во улога на судија стигнал до највисокото ниво. Обврската ја изврши без грешка. Победничкиот гол на Џони Реп беше регуларен, така што немаше приговор за делењето на правдата. Дуелот се одигра пред 89484 гледачи.

Костоски умре на 79 години во Скопје, во 2004 година.

Loading