IN MEMORIAM

Трајко Врцкоски и Петар Мирчески

in memoriam

Од нас физички се разделија сограѓаните Трајко Врцкоски (89) и Петар Мирчески (77), воздухопловци. Врцкоски е првиот македонски падобранец, кој во 1948 година го изведе првиот скок во повоена Македонија. Беше спортист и наставник по падобранство. Добитник е на престижната “Диплома сребрено ц” за изведени 30 скокови на слободно дејство, 20 скокови на цел, ноќни скокови и висински скок од 4.640 метри. Неговото најголемо достигнување се двата македонски рекорди во групни висински скокови, од 3.100 и 4.640 метри. Мирчески беше ентузијаст, пилот на едрилица и на авион. Покрај општествено-политички работник, долго беше претседател на Аеро клубот “Прилеп”. Во тоа време Спортскиот аеродром и Воздухопловната школа засилено се разви и се опреми кадровски и материјално. Придонесе за организација на највисоки манифестации, како Југословенското аерорели, Државното падобранско првенство. Се памети и најголемиот аеромитинг во присуство на 20.000 гледачи.

Loading