ЗДРАВА ХРАНА ВО СЕМЕЈНО ОГНИШТЕ

Aura karma e carstvoto na zdravata hrana  - Mimoza  Mirceska

Сите ние сакаме да сме здрави, среќни, исполнети и да живееме во мир, спокојство и хармонија. Семејството Мирчески, својата љубов за здрав живот и благосостојба на постоењето, решиле да ја споделат со светот преку отворањето на барот Аура на кружниот тек Карпалак. Името е избрано поради стремежите на сопствениците да зрачат светлина и оптимизам. Идејата за семејниот бизнис била да се понуди можност за здрава исхрана низ мени, составено од разновидни хранливи состојки на природата (зеленчук, овошје, семиња, јаткасти плодови, билки и морски плодови), а да биде оброк кој ќе ги задоволува сите вкусови на човекот и ќе изгледа фасцинантно. Храната да не биде само задоволување на човековите потреби, туку и задоволство и здравје, да биде храна и за телото и за душата .

Со таа мисла се родил овој  ресторан за душа и срце. Гостите и домаќините стануваат едно тело и една душа низ колоритниот амбиент кој ги симболизира боите на природата.

Според Мимоза, еден од сопствениците на Аура, специфика е нестандардното мени, но и атмосферата која ја исфрла негативната енергија, гневот, љубомората и омразата, и се вдахновува силата на природата, љубовта и среќата.

– Замислата беше да се понуди мезе и закуска, спремени од здрави природни растителни состојки. Се сервираат морски плодови полни со потребниот магнезиум и макробиотски десерти со отсуство на шеќер, туку заблажени исклучиво со природни засладувачи. Здравата храна не го вклучува месото, бидејќи месните преработки се полни со хормони и вештачки стимуланси, кои негативно влијаат на здравјето и тоа и на долгорочни патеки.  Менито го популаризира здравиот начин на исхрана, претендирајќи постепено да се промени свеста од опасностите што демнат во храната, особено од животинско потекло и предностите на здравата храна. Иако не сум вегетаријанец, сепак апелирам на внимание при конзумирањето на храната за да се заштити здравјето. Се обидуваме да влијаеме на промена на културата на исхраната соодветна на тензичниот стил на живот – објаснува Мимоза.

{AG}426/aura{/AG}

Позитивно е шестмесечното искуство. Владее задоволство од одѕивот. Дури многи странци кои дошле во Прилеп ги откриле и ги вкусиле специјалитетите подготвени од природни намирници, вклучувајќи ги и натуралните напивки од зеленчук и овошје, и заминале воодушевени од кулинарските мајсторства.

– Најатрактивни се сендвичите фалафелбургер, чија плескавица или протеини се добиени од леќа и наут, потоа аура тортиља, веге пици со посен кашкавал, сосови од ленено семе, сусам, таан… Сé е свежо подговено на дневна база. Нема пржена храна. Се е меко печено, обарено или сурово.  Цените се пристојни и солидни за скромен буџет – кажува Мимоза.  

Сопствениците Димче и Мимоза со децата Александра и Филип имаат впечаток дека успеваат во мисијата на афирмација на здравата храна. Потврда им е подемот на свеста за внимателност при изборот на исхраната на секој оброк кај сé поголем број на луѓе. Со девизата, “бидете среќни во животот со изобилието од природата” се пречекува и испраќа секој гостин.

Аурците, како што се нарекуваат членовите на Аура велат дека  живееме за да уживаме во благосостојбата на животот и нашето сопствено постоење, а во стресот на современото општество денес, лесно и брзо го забораваме тоа. Затоа постојат места како Аура, за луѓето да можат меѓусебно да се потсетуваат и помагаат едни со други во одржувањето на балансот на здравјето и задоволството.

Loading