ВЕЛЕСКИ СОВЛАДА ВЕЛЕМАЈСТОР

Шах

Фидемајсторот Роберт Велески имаше одлични настапи на Меѓународниот турнир во Палиќ, Србија. Во силна конкуренција, каде доволно е да се спомнат 12 велемајстори, нашиот шахист од стартното 56 се издигна на 33 место на табелата. Освои 5 поени на девет партии. Најдобрата игра ја покажа во 2 коло, кога го совлада велемајсторот Ратнакаран од Индија. Малку недостасуваше да се исполни нормата за интермајсторска титула.

Loading