НОВА ОЛИМПИСКА НАДЕЖ

Стрелаштво

Агенцијата за спорт и млади и додели стипендија на Ирина Јованоска, членката на СК Стрелец. Таа влезе во категоријата “спортска надеж”, благодарение на нејзината упорност и напорната работа со тренерите Славчо Трајкоски и Гоце Ѓорѓиоски, што дава резултати во дисциплината воздушна пушка. Како претставничка на ОУ “Добре Јованоски” освоила две први места на државните меѓуучилишни натпревари, а по едно трето и прво место на државните првенства. Високите достигнувања се евидентирани во билтените на Стрелачката спортска федерација. Талентот на 12 годишната спортистка доаѓа до израз покрај тренинзите во субстандардни услови, со лоша опрема и импровизирано стрелиште. Од клубот се надеваат дека со новиот закон за финансирање во спортот ќе се обезбеди барем нова пушка за надежниот стрелец.

Стручњаците сметаат дека станува збор за врвен талент кај девојката, така што веќе претставува наша нова олимписка надеж, во спортот каде државава редовно има претставници на олимпијадите.

Loading