
Прилепскиот интерпретатор Стефан Миткоски кој се прослави со учеството на Ѕвездите на гранд, пред неколку години ја продолжи кариерата во Белград, откако се почувствува тесно на македонската естрада. Неколку месеци ги забавува белграѓани во различни угостителски објекти. Свилениот глас што излегува од грлото на Миткоски со интерпретациите на повеќе народни, забавни, новокомпонирани, староградски, па и македонски ритми, не ги остава рамнодушни мераклиите на добрата песна. Преполни се со гости неговите настапи во угостителските објекти на сплавовите на Дунав и Сава, во меаните во автентичен стил на Дорџол, старограските кафеани на белградските боеми во Стариот град. Накусо, прилепскиот пеач доживува популарност во силната белградска конкуренција.
![]()

