ЖЕНСКО ДЕРБИ ВО БИТОЛА

Ракомет

Продолжуваат ракометните возбудувања. Во Женската лига екипата на Прилеп беше слободна, а викендов е пелагониското дерби со Пелистер. Натпреварот е во Битола, а на страната на домашниот тим е успехот од првиот меч во Прилеп, кога победија со гол разлика. Прилепскиот состав сега е посилен и оди на реванш.

Машката екипа на Прилеп, после паузата поради репрезентацијата, викендов гостува на Металург во Скопје. Борбата е за три бода и искачување на третото место од табелата.

Loading