NEW URBAN MAN ОД ХРИСТИНА ЗАФИРОВСКА

Каде трчаме и зошто, објаснуваат сликите создадени со комбинирана техника на Христина Зафировска. Изложбата насловена NEW URBAN MAN беше отворена во галеријата “Борко Лазески” во ЦК “Марко Цепенков”.

– Трчаме, не свртувајќи се назад. Не гледајќи дали сме прегазиле некој минувач, познаник, пријател, партнер. Брзајќи и крадејќи можности, го губиме идентитетот. Понесени од испревртените вредности, газејќи врз љубовта, го допревме дното во животот, мислејќи дека е врвот. Каде што лагата е пред вистината – вели сликарката.

Зафировска е дипломец на ФЛУ а сега магистрант на Факултетот за дизајн и мултимедија во Скопје. Член е на ДЛУМ. Ориентирана е на сликарството, графичкиот дизајн, инсталацијата, цртежот, фотографијата и видеото. 

Loading