ПРЕМИЕРИ НА „АКО СЕ ФАЈЧАШ, ФАТИ СЕ ЗА…“ И „БУБАМАРИТЕ“

Десет години од формирањето на МДС

Dve premieri na MDS za 10 godisninata

„Ако се фајчаш, фати се за…“ и „Бубамарите“ се двете претстави кои премиерно ќе ги прикаже Младинското драмско студио за десетиот роденден. Првата е водвиљ претстава – комедија, своевидна локализирана адаптација на „Оскар“, од Клод Мание. Премиерно ќе се прикаже на 15 ноември.

– Дејството на адаптацијата направена од Коле Ангеловски, се случува во нашиот град. Незгодите на Трајко, кој е сопственик на пиварница, се фокусот околу кој ќе се одвиваат недоразбирањето кое ќе предизвика хаос во домот на главниот лик – велат од МДС.

Играат Кире Најдоски, Бобан Смилкоски, Евгенија Јакимоска, Надица Дојкоска, Сара Спиркоска, Анастасија Конеска, Давор Петровиќ, Елена Соколоска, Виктор Мирчески и Стефан Спироски.

Втората комедија закажана за 23 ноември, е по текст на Тони Лејтон. Првпат се поставува во Македонија.

– Претставата е со специфичен начин на хумор. Станува збор за стереотипите и предрасудите кон повозрасната популација. Селската театарска трупа на Горно Сливово ги изгуби сите мажи. Трупата е пред распаѓање, кога една млада режисерка, нуди помош. Ги убедува членовите на учество на фестивал со претстава која самата ја напишала. Драмата е контроверзна и “моралните” власти се обидуваат да ја спречат. Дали ќе успеат? – потенцираат од МДС.

Играат Елена Соколоска, Марија Димеска, Валерија Чавлеска, Ева Тумановска, Ева Димоска, Викторија Цветаноска, Михаела Насеска, Евгенија Јакимоска и Сара Спиркоска.

МДС работи под патронат на Центарот за култура.

Loading