СВЕТЛИНА ЗА „НЕКАДЕ ПОМЕЃУ“

„Некаде помеѓу“ е стихозбирката од Искра Пенева, што беше синоќа претставена пред љубителите на поезијата. Пенева е добитничка на наградата „Стојан Христов„ за поетско издание на годинашните Струшки вечери на поезијата.

За творештвото говореше Петар Петрески, а извадоци пренесе актерот Игор Трпчески. Поетската промоција ја збогатија Маја Димоска на хармоника и Сања Илиеска на флејта.

Пенева е поетеса иселеник од Македонија, а реномираното признание за најдобра книга напишана за иселеник од земјата традиционално на СВП ја доделува Агенцијата за иселеништво.

Loading