СЕ НАТОКМИ И КАМБАНАРИЈАТА

Во црквата Света Петка              

Pravoslaven duh zraci od Sveta Petka

Се доизгради и камбанаријата во Црквата Света Петка во Точила, со што се заокружува комплетно просторот кој се издигна со помош на донациите од добронамерниците за најголемата населба во градов да добие верски објект по 100 години.

Преполно верници го исполнија соборниот храм по повод големиот христијански празник Петковден. Со свечената празнична литургија чиноначалствуваше владиката Петар. Градоначалникот Марјан Ристески им посака добро здравје, среќа и многу успеси, а на сите донатори добронамерници кои учествуваа во изградбата на овој свет храм им се заблагодари и ги повика секогаш да бидат дел од создавањето на трајните вредности.

Loading