ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Dostojno odbelezan praznikot 23 Oktomvri

Историјата не се заборава. На 23 Октомври пред 123 години, во Солун, шестмина македонски интелектуалци Иван Хаџи Николов, д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја создале првата семакедонска организација која со текот на времето го менувала името, но останале двете придавки: „македонска” и „револуционерна”. Сегашните генерации, овој историски ден го празнуваат како државен празник, како ден на македонската револуционерна борба, го слават и им се поклонуваат на делата на револуционерите. Нивниот факел го прифатија десетина, стотина, илјадници следбеници за автентичната македонската револуционерна организација и за извојување на национална слобода.

Clenovite n aSojuzot n aborcite pred spomenikot na K.J.   Pitu

 

Clenovite na Socijalistickata partija pred spomenikot na   Pere Tosev

Се бореле илинденските идеали да станат наша реалност, за континуитетот на македонската револуционерна борба и правото на народите на самоопределување. И сите тие го предводеле народот, гледајќи ја слободата во мугрите на независниот опстој за самостојна, суверена и демократска држава. На 23 октомври младите се вртат кон делото на нивните предци кои се изборија за нивната слобода и слободата на нивните деца.

filename 0Cveke za Pere Tosev polozi pratenikot Dimitar   Stevanandzijafilename 1

Gradonacalnikot Risteski pred spomenikot na Cento

Празникот потсетува на заветите на сите борци за слободна и независна држава. Идните генерации да продолжат по патот кој води до просперитетна, посреќна, побогата и посплотена европска Македонија.

И годинава, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври, делегација од локалната самоуправа на општина Прилеп, од политичките партии и од здруженијата и граѓани положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, Пере Тошев, Ѓорче Петров и на Могилата на непобедените и на гробот на Методија Патчев во Кадино село.

Nikola Dimeski - pretsedatel na Sovetot na opstinata

Petar Risteski - pretsedatel na OK na VMRO-DPMNE

По повод празникот во просториите на новата спортска сала во ОУ „Добре Јованоски” се оддржа државно првенство во џудо за млади во организација на ЏК „Бушидо”. 

Revolucnerite ne se zaboravaat - clenovi na OK na  VMRO-DPMNE

Pocit za Cento od politickite partii

Loading