СКРШЕН МРАЗОТ

Пинг – понг

Rikaloski Stargoski i Stomnaroski

Не им требаше многу време за адаптација во елитното друштво на младите пингпонгари од Младост 96. По поразот од шампионот Гоце Делчев, во второто коло постигнаа победа од 5-4 над Радовиш. Беше тежок и неизвесен меч, каде одлучи смиреноста и умешноста во финишот. По две победи извојуваа Александар Рикалоски и Антонио Стомнароски, а една додаде Александар Штаргоски. Се очекува успех и на наредното гостување кај Телеком во Скопје.

Екипата на Младост загуби со 5-2 од Работнички во Скопје, а во наредното коло игра дома со фаворитот Гоце Делчев.

Loading