НЕСТОРОВСКИ КАКО РОНАЛДО

Италија

GAZZETTA DELLO SPORT

Репрезентацијата на Македонија со 2-3 и даде силен отпор на големата Италија, а медиумите на Апенинскиот Полуостров не штедат пофални зборови за нашите фудбалери. Водечкиот спортски весник “Газета дело спорт” издвојува тројца Македонци, стрелците на головите и капитенот, кои ги споредува со светските ѕвезди. Во коментарот пишува “Несторовски играше како КР7 (Португалецот К. Роналдо), Пандев наликуваше на Аргентинецот Меси, а Хасани на Бразилецот Нејмар”.

Несторовски му даде гол на Буфон, а за Палермо постигна три во Серија А, каде в недела е гостувањето на фаворитот Рома.

Loading