СТИПЕНДИЈА ЗА ДЕЈКОСКА

Борење

Убава вест од Борачкиот клуб 7 Мај Леов. Членката, Маја Дејкоска, доби стипендија од Агенцијата за млади и спорт. Очекувано и заслужено, поради резултатите. Таа израдува со пласманот на Светското армиско првенство во Скопје, каде го освои бронзениот медал. Стипендијата за младата и надежна спортистка е поддршка и поттик за наредни големи успеси.

БК 7 Мај Леов најавува учество на три турнири: Сомбор (Србија), Абони (Унгарија) и Петрич (Бугарија).

Loading