НОВ ЗАЛЕТ

Победа

Вистинска копија беше дербито Пелистер – Победа во однос на натпреварот од пред два ипол месеци. Ист резултат, 2-0, исти стрелци, Бујчевски и Лукас, ист победник – Пелистер. Битна разлика беше исклучувањето на бранителот Колевски уште во 17 минута, кога Победа продолжи со 10 играчи што се покажа пресудно. Така заврши серијата од пет меча без пораз. Сега е време за нов залет. В недела е дуелот со Силекс, пак во Битола. Во второто коло беше минимален, според многумина незаслужен пораз во Кратово (2-1) и еве ја шансата за реванш. Да видиме дали тренерот Штерјовски ќе преземе повеќе измени. Алтернатива мора да бара за Колевски.

Табела: Вардар 22, Шкендија 20, Работнички 16, Пелистер и Ренова 15, Шкупи и Силекс 10, Победа 9, Брегалница 7, Македонија ЃП 6.

Во меѓувреме, клубот информираше за средбата на спортскиот директор Јовица Обрадовиќ со колегата од белградски Партизан, Ивица Илиев. Договорена е соработка за размена на играчи и обука на тренери. 

Loading