ПРИЛЕП ПРЕКУНОЌ СТАНА СИЛЕН

Ракомет: Женскиот тим има 15 првотимки

– Совладана Гевгелија, нареден “муштерија” е Овче Поле

Moment od natprevarot Prilep - Gevgelija

Петтото коло во Женската ракометна лига го одбележа првиот есенски триумф на Прилеп, со резултат 23-17 над Гевгелија. Меѓу стативите беа три голманки – Богеска со седум одбранети удари, Дурланова шест и седмерец, најмладата Димитриеска три. Кај стрелците најистакнати беа: Камческа и Ристовска по 7, Јованоска 6, Митревска 2 и Саздова 1. Водството во првиот дел беше со три, во второто стигна до осум разлика.

Оценки на тренерот Рубин Богојески.

Патот до трите бода?

– Полека – полека го градевме резултатот. Можевме и до повисок триумф, но им дадовме можност за настап на сите помлади првотимки. Кај мене е тоа правило – секоја ракометарка да има шанса.

Дурланова се врати на голот?

– Дојде од Металург. Само што влезе од клупата, одбрани пенал и доби огромен аплауз, поддршка од трибината. Се погоди моментот.

Покрај Ристовска и Јованоска, голгетер е Камческа?

– Откритие. Беше бек, ја преместив на пивот. На секој меч има завидна ефикасност. Одлично игра, презадоволен сум.

Доведовте засилувања?

– Бековите Јованоска и Ристовска се од Струга, Саздова од Пробиштип, крилото Крстевска од Битола. Покрај Дурланова, се врати и бекот Петлеска од Пелистер. Посилни сме од почетокот.

Други прилепчанки настрана?

– Голманката Наумоска е во Гевгелија, пивотот Цаневска во Металург, бекот – крило Ѓорѓиоска во Пелистер. Има изгледи Ѓорѓиоска да се врати и да биде во составот, за мечот со Куманово на 30 октомври.

Претходно играте со Овче Поле?

– Двете се дома и затоа планот е две победи. Имаме квалитет, многу подобри сме од Овче Поле, а очекувам да им вратиме на кумановките за поразот во првото коло.

Каде се гледате на табелата?

– На трето место. Само Металург и Вардар јуниор се подобри, а останатите треба да се под нас на табелата.

Гостува Овче Поле

Во средата беше очекуван пораз (  –  ) од фаворитот Металург во Скопје, а викендов во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” е дерби – дуелот за четвртото место на табелата од Женската лига, Прилеп – Овче Поле. Со триумф домашниот тим бодовно ќе се израмни со гостинскиот. Се очекува полна трибина за поддршка на Прилеп.

Табела: Металург 15, Вардар ј. и Куманово по 12, Овче Поле 6, Прилеп и Пелистер по три, Гевгелија 0.

Мажите во Охрид

Ракометарите на Прилеп, откако со убедливи 39-29 дома го совладаа Работнички, викендов гостуваат на Охрид. Тежок меч, ако се земе предвид табелата каде охриѓаните се втори, со исти бодови како првопласираниот Пелистер. Сепак, има надежи за добар резултат, бидејќи пред еден месец беше триумфот во Битола.

Табела: Пелистер и Охрид 13, Еурофарм и Прилеп 12, Пролет 10, Радовиш 9, Металург 8, Борец 5, Вардар ј. 4, Работнички 0.

Loading