СМЕНЕТ ЛИКОТ НА УЧИЛИШТЕТО ОДВНАТРЕ И ОДНАДВОР

ОУ „Блаже Конески“

Компленто е променето не само централното училиште „Блаже Конески“ во Точила, туку и подрачното во Варош, со капитални инфраструктурни проекти кои во периодот од 2013 до сега, се реализираа со финансиска поддршка на локалната самоуправа. Училиштето е модерно, современо со пристојни услови за работа.

Пред три години се изврши комплетна реконструкција на учлиштето во Варош, се обнови фасадата, се реновираа училниците, ходниците со 2 милиони денари. Наместено е централно парно греење на течно гориво. Инветицијата е 450 илјади денари. Во централното се променети плочките во ходникот на вториот кат за 220 илјади денари.   

Во 2014 г. променети се подните плочки на ходникот на прв кат во централното за 250 илјади денари, комплетно се реконструирани санитариите – два милиони денари, поплочен е влезот со бекатон и наместени се пристапни рампи на централното. Наместен е сончев колетор за топла вода по санитариите.

Лани се променети подните плочки во ходникот на приземјето, променета е целокупната дограма. Старата железна дограма е заменета со нова ПВЦ столарија за 3,5 милиони денари. За спорт и рекреација  е поставена балон сала во дворот.

Годинава заврши проектот за обнова и обложени се ѕидовите со кнауф, во ходникот на приземјето, асфалтирана е патеката од задниот влез, партерно се уредува дворот во Варош со изградба на кошаркарско игралиште и потпорен ѕид. Инсталирани се компјутери во Варош.

За в година, е планирана промена на вратите во училниците во централното училиште и обнова на фасадата во вредност од 1.5 милиони денари. Сите инвестиции се со цел подобрување на условите за одвивање на наставата. 

Loading