ТУРНИР ВО ОРИЕНТАЦИЈА

Над 200 натпреварувачи учествуваа на Меѓународниот меморијален турнир во ориентација “Пеце Атанасоски”, кој по шестипат се одржува во организација на ПСД Златоврв и општината. Трките беа на скрин патеки, долги од 1 – 3 км, а се трчаше и кај Прилепското мермерно езеро во должина од 4 – 8 км., како и во Варош и на Камена баба во должина од 3 – 6 км.

На најдобрите натпреварувачи им беа доделени награди. Турнирот беше во програмата за одбележувањето на националниот празник 11-ти Октомври и 75 годишнината од антифашистичкото востание на македонскиот народ. 

Loading