ПРИЛЕПСКИ АРАБАЏИЈА

Bocvi so pivo na arabadziska kola

Кобилата напред влечи дали влечи. Зад неа седнат арабаџијата на товарената запрежна кола. Зима, лето не му менува многу. Стоката требало  да се однеси на пазар.

Пред децении немало како денес камиони и трактори за пренесување на стоката и градинарските производи. Се чекало прилика да ја назоба кобилата, а потоа да ја заузди и да почне со “војзање”. Работата се бркала со арабаџиски коли.

Тоа биле запрежни, товарни возила со еден или два коња. Се бркала тешко или лесно работата.

Арабаџиите тргнувале од по селата подалечни ноќе и стигнувале на  прилепскиот пазар наутро. Полека, полека се терала работата и се пренесувале вреќи со жито, ориз, по некое скеле, дрва и ќерамиди, и што ли уште не.

Арабаџиските коли биле најпрактичниот превоз. Возачите биле  од сиромашни слоеви, оти заработувале по некој грош. Ги управувале колите  колку да извадат за леб. Повисоката класа се возеле со ландони, пајтони, чези…  Во прилепско немало раскошни кочии.           

Loading