МАМЕЦ НА ТРОНОТ

Ribolovni asovi - Ekiipata na Mamec

Четвртпат по ред првото место по пет кола (три на Тиквешкото Езеро и две на Мавровското Езеро) го освои спортско риболовното друштво Мамец и стана државен шампион за 2016 година. Триумфот  овозможува право за учество на Светското клубско првенство во 2017 година. Качувањето на пиедесталот е значајно, оти е освоено со силна конкуренција со риболовни мајстори од две скопски, две велешки и две кумановски екипи и по една од Струмица, Кавадарци и Охрид.

Тутулата во лов на јадица со пливка ја освои екипата составена од риболовците Иван Илијевски, Блаже Николоски, Рубин Николоски и Кирил Груевски, водени од Кире Николоски.

Иван Николоски се закити со титулата државен првак во поединечна конкуренција, обезбедувајќи место во репрезентацијата на Македонија за учество на Светското првенство в година.

Loading