ПРИЛЕП СЛАВИ 75 ГОДИНИ ОД ДЕНОТ НА ВОСТАНИЕТО

Gordosta na prilep -  Mogilata na nepobedenite

Гордо и достоинствено,  градот на непокорот, градот во кој  на 11 октомври 1941г. пукнала првата пушка за слободен Прилеп, за слободна Македонија, ќе одбележи 75 години од историскиот настан. Со нападот на полициската станица храбро тргнал народот во бој за ослободување од окупаторскиот јарем. Илинденците, а потоа и борците од народнотослободителна борба во 1941 година го донесат слободарското сонце, а нивните имиња вечито сведочат за храброста испишани на монументалниот споменик на Паркот на револуцијата и Алејата на народните херои.

Генерации во 1941-та го започнале непокорот против фашизмот и застанале на браникот на демократските принципи, а новите генерации се придвижуваат кон европските евроинтеграции. Секој Македонец треба да биде горд на 11 Октомври. Слободата, нацијата, државата се градат, чуваат низ мозаикот на големите датуми, низ идентификацијата на идните генерации со  најдоброто и најсветото што го создавале претходните генерации. По повод одбележувањето на 75 годишнината од вооруженото востание, свечената програма за 11 – Октомври, предвидува бројни настани.

Во предвечерието н апразникот, ќе екне огнометот, а концерт ќе има Воениот оркестар на АРМ и Ансамблот „Танец” во ЦК „Марко Цепенков”.

Во чест на празникот бројни делегации од Локалната самоуправа, пратениците, претставници на Владата и од Боречката организација ќе положат свежи цвеќиња на споменикот на Методија Андонов – Ченто, на Кузман Јосифоски – Питу и на Могилата на непобедените.  

Ќе се одржи и Меморијален ориентационен натпревар „Пеце Атанасовски”, поштенски маратон, Турнир во џудо, натпревар во стандардни и латино-американски танци, крводарителска акција на навивачка група „Мајмуни”, формирање на македонското знаме – балетски перформанс на Плоштадот „Методија Андонов – Ченто”, настап на детскиот хор „Мали Ангели”,изложба на воена опрема и оружје, изложба на рачни изработки „Килимијада”, Тунинг кар Шоу и изложба на стари велосипеди. 

zname agenda

Loading