11 – ТИ ОКТОМВРИ – ТРИУМФ НА ИДНИНАТА

Прилеп е горд што е синоним за првата пушка на 11 октомври пред 75 години. Горд е за извојуваната победа. Од меморијалниот музеј 11 Октомври, од некогашаниот участак или полициската станица, тргна отпорот и борбата за слобода против фашистичките окупатори. Прилеп е горд што е храм на слободата и  и градот на непокорот, светилиште за сегашните и идните генерации Македонци, каде и да се. Се гордее на признанието, град херој, со паметникот, Паркот на револуцијата, со Могилата на непобедените и Алејата на народните херои.

Прилеп, по седум ипол децении, со натопена земја со крв на илјадници борци зад себе, простум го дочекува празникот за пиетет на втемелувачите на слободата и за триумферите на иднината.

И по сите удари за девалвирање, граѓаните и локалните власти го доживуваат празникот и спомениците за духовна есенција, за душа на градот. Спомениците станаа место каде идните генерации се полнат со верба и енергија.

Како граѓаните го доживуваат празникот, дали исчезнува некогашниот жар и полет, дали бледнеат “коските” на хероите…?

Еве ги нивните одговори.

Горан Стојаноски – Празникот претставува континуитет на ослободителната борба на македонскиот народ, почнувајќи од формирањето на ВМРО во турско време. Новата историја е денот кога почнала борбата, поточно самоосвестувањето. Пред тоа имало борби за ослободување, но 11- ти Октомрври го обединува целиот народ, бидејќи веќе е разбудена свеста. Не смее да се заборави и времето,се дели на Македонија е држава пред 11-ти и после 11-ти Октомври. Го празнуваме со излегување на следење на традиционалниот огномет и импровизиран напад на градот како пред 75 години. И возрасните, и децата сме радосни. Постарите генерации поинаку го доживуваат празникот.

Душан Младеноски – Други празници не признавам, македонската држава е формирана на тој ден. Тоа е денот кога пукнала првата пушка, нашето прво и многу значајно востание. Традиционално  е да се излези на огнометот. Ние сепак дома си го празнуваме посвечено, порано се правеше надвор со разни манифестации а, сега малце е подзабораен само огномет што има. Можеби се смета, поточно некои го сметаат како социјалистички како комунистички празник.

Диме Игески – 11 -ти Октомври е празник на македонскиот народ и Прилеп, како град херој. На десетти вечерта излегуваме в град на огномет а на Денот порано следевме говори на некој И сега одам на Паркот на револуцијата на Денот. Постар сум. Во наше време повеќе се славеше. И сега се прославува, но порано инаку се прославуваше. Многу се зборуваше за партизаните за паднатите борци. Помладите не можат да го доживеат тоа. Значаен ден е 11-ти Октомври. Овде пукнала првата пушка против Бугарскот фашистички окупатор. Затоа се слави, се одбележува и ден денес.

Кирил Рипилоски – 11-ти Октомври е ден на борецот, на Прилеп.  Некогаш се бореле наши луѓе, наша крв. Убавина е празникот. Многу го сакам и го сметам за најзначаен патриотски празник, ден на борбата во Прилеп и Куманово. Секоја година се одбележува и не смее да се заборави денот на нашиот почеток на отпорот, ако можам да го наречам така. Секоја година има огномет, пукање и различна програма. Отсекогаш тоа било и ќе биди традиција за нашиот град. Првата пушка пукнала и тоа треба да го потенцираме и да се гордееме , да ги почитуваме паднатите борци. Тоа е патриотизам за на век.

Марија Стојаноска – Го почитуваме, го празнуваме Денот. Има  многу паднати борци и нужно е да им се прикажи чест, оти се бореле за нашата слобода, за нашата земја. Од мала го паметам огнометот.  Родителите ме носеа на огнометот. Од векови да се памети денот и да се слави пролеаната крв на нашите храбри борци, оти првпат се кренале борците за слобода. Пукнала првата пушка против окупаторите. Треба да продолжи традицијата со огнометот и секогаш  да се памти  без заборав и да се пренесува на идните поколенија, и тие да го слават.

Biljana KodzadzikovaБилјана Коџаџикова – 11 – Октомври е најсветол празник, иако се слави и се почитува низ цела Македонија. И треба да се почитува. Жалам што денес не се почитува толку, колку во нашето време. Се поврзуваат, за жал, со политика. Политички елити излегуваат и го слават празникот за да се промовираат и да укажат за вредноста. Со време, помладите нема ни да чујат, ни да знаат за празникот, па не да го прославуваат и почитуваат. Во наше време многу се почитуваше и  се славеше значењето на 11-ти Октомври. Одвај се чекаше да дојде празникот, оти се одржуваа собири на стари, млади, борци, се кажуваа спомени за народните херои, за тие денови, и постарите раскажуваа за значењето. Сега тоа не може да се долови, да се раскажува. Сега има други генерации, друго време е.  И малкумина можат да го почуствуваат тоа.

  

 

Vangel RancanovВангел Ранчанов – Големо е значењето на Празникот – денот на револуцијата, денот на првата пушка во Прилеп. 11-ти Октомври отсекогаш се славел и ќе се слави со различни програми и манифестации. Огнометот е симболичната и трајна точка. Преку него, и со импровизираниот напад на градот, се доловува моментот на денот на востанието, почетокот на вооружениот отпор на борците, на македонскиот народ за ослободување од фашистичките окупатори. Порано имаше паради и положување на букети цвеќиња на спомениците. Тоа и сега се практикува. Се оддава пиетет за оние кои пролеаја крв на браникот на слободата. Треба да се негува празникот, за да го паметат сегашните млади, оти се славел и да продолжи да се слави. 

 

 

 

Tome zvezdakoski1Томе Ѕвездакоски – 11 – Октомври е празник, оти првата пушка пукнала во Прилеп, па во Куманово. Треба да го славиме и да не го запоставуваме. Како млад, тоа беше ден на најголема свеченост. Се славеше со литературно читање во чест за загинатите борци.  Не треба да исчезни долгата традиција. Останало од минатото и вреди да се слави. За мене, како патриот, има големо значење.

 

 

 

 

 

 

 

Todora RisteskaТодора Ристеска – Празникот е исторски чин. Сите треба да го паметат и да го слават. Има огромно значење, оти живееме во град со богата култура и историја. За празникот пред два дена го ставам знамето во чест на Револуцијата. Огнометот и пукањето се секоја година. И тоа останало така. Излегуваме за огнометот и не го испуштаме никогаш. Празникот претставува еден од најголемите празници.

Loading