СТРУЧНИ СРЕДНОШКОЛСКИ КАДРИ ПО МЕРКА НА БИЗНИСОТ

Заедничка средба на стопанствениците и Економскиот совет

Obrazovanieto vo funkcija na stopanstvoto

Наскоро ќе се реши проблемот со немањето соодветен стручен средношколски кадар како машинобравари, леари, кројачи и други квалификувани профили потребни за производствениот прооцес. По иницијатива на Стопанската комора на Македонија започна со реализација на пилот проект кој треба да резултира со воведување на таканачен дуален систем на образование. Со имплементацијата на дуалниот модел на образование во средните стручни училишта ќе се обезбеди стручен и квалификуван кадар во согласност со потребите на бизнис секторот. Водени од реалните потреби за стручни профили во производството, компаниите бараа начин како образовниот систем да се прилагоди на нивните барања. Новиот систем ќе им овозможи на младите премин од училиште во работниот свет и да им понуди перспектива за планирање на кариерата. За забрзана реформа во средното стручно образование се залагаат повеќето прилепски компании.  

На заедничката седница на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора и Економскиот совет на Општина Прилеп, стопанствениците беа информирани за претстојната конференција за бизнис средби со компании од Турција, организирана од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот за воспоставување на Интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион. Стопанствениците ги слушнаа владините мерки за поддршка при изградба на приватни детски градинки. Беа информари за текот на инфраструктурни објекти во регионот, за најавените нови мерки за вложување на бизнис секторот во спортот, како и за актуелните состојби во стопанството во регионов. Компанијата Комфи Ангел иницираше да се преземат законски мерки со кои ќе се определи, компаниите кои се директни странски инвестиции, да можат да вработуваат исклучиво невработени лица,  евидентираат во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа најмалку еден месец, со што ќе се заштитат домашните компании и ќе се придонесе за намалување на невработеноста. Односно во ново отворените странски компании да не се вработуваат веќе вработени лица во домашните компании и со тоа да се избегне нелојалната конкуренција и да не трпи производствениот процес.

Нови мерки на Сгенцијата за вработување

КРЕДИТИРАЊЕ ЗА СОПСТВЕН БИЗНИС И ОТВОРАЊЕ РАБОТНИ МЕСТА

До 19 октомври, невработените лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис и да отворат до три работни места во помали дејности или до пет во дејности од поголем обем или постоечки компании кои сакаат да го зголемат бројот на вработени, можат да аплицираат во регионалните центри на Агенцијата за вработување. Кредитот е со каматна стапка од 1 процент на годишно ниво, со грејс период од една година и рок на отплата од три години.

Втората мерка за која во тек е јавниот повик преку Агенцијата за вработување се однесува на кредитирање на компании за отворање на нови работни места со ограничување до три нови вработувања или вкупно 9.000 евра. Доколку некое од лицата кои ќе се вработат со една од овие две мерки било технолошки вишок, стечаец или вработен во ликвидирана фирма ќе добие уште дополнителни 1000 евра.

Мерките за кредитирање на самовработување и кредитирање на правни субјекти се реализираат од 2008 година,  а со нив  се поттикнуваат малите компании и развојот на микро, малите и средни претпријатија под исклучително поволни услови за отплата на кредитите.  

Loading