ДВЕ ЛИЦА

Ракомет

Кога најмногу се очекуваше, екипата на Прилеп потфрли. Загуби на дуелот дома со битолски Работник Еурофарм со убедливи 19-25 (8-10). Тимот е со две лица – едното прикажано низ двата триумфа, со Вардар јуниор дома и со Пелистер на гости, второто со поразот пред својата публика од Работник. Сепак, изгледот на табелата е прифатлив, оти таму Прилеп е во група од пет тима со по шест бода. Следниот меч е како порачан, пак дома, со Пролет. На табелата со седум бода лидер е Металург 2.

После долго време имаше женски ракомет. Во 3. коло од Женската лига составот на Прилеп испушти триумф дома со Пелистер. Поразот е со 19-20 (8-9). Кај домашните најефикасна со 12 гола беше стружанката Јованоска, а во битолскиот тим шест даде прилепчанката Ѓорѓиоска. Во следното коло Прилеп гостува на Вардар јуниор во Скопје.

Loading