СОН СОНИЛА – МАНАСТИР ИЗГРАДИЛА

Манстирот Света Недела во селото Стровија

Konacite ispolneti so dzagor

Стровија – село со дваесетина куќи од некогашните 240. Сето добродушни и гостопримливи луѓе. На еден километар е ритчето и место викано Ржиште. Се закотвил цврсто божјиот храм Света Недела. Пред црквичката има мермерна тераса што ги зграбила во себе фонтаната и камбанаријата. Сé е како во сон. Се распослал простран раскошен двор со маслинки и плодни дрвца. Од двете лозници се шаренее сенка. Пријатно е. Од трендафили до струмичиња го китат дворот. Опиени од миризбата која ја шират се добива впечаток дека местото е посебно. Милина, духовна исполнетост. Како ова да е исчистено од злобата, човечка. Тоа е место на врв за комуниникација со Бог.

Сонот претворен во божји храм

Мермерната патека од црквата до конаците со чисти и средени соби, е осветлена со канделабри. Изградена е и зграда на два ката од тврда градба, со 15 соби со по неколку кревети.

Замина бабата Спасија Смоквоска и остави аманет за грижа за светиот дом. Оти местото го сонила да гради манастир и и се покажала Света Недела.

Велеше дека се гледала со Света Недела како на јаве. Плачела светицата и барајќи стреа од дождот. Плачела оти била жива вода, а личотија. И нарачала да организира градба на храм, додека сопругот  се смеел и í велел дека е месечар. А таа не се предавала на мајтапите, оти на сон í доаѓала млада девојка со крст, со цвеќе во рака и со зборовите да одат да го колосаат, да го заокружат местото за домот каде била потоната со години.

Од грне со сребреници направен крст

Света Недела и денес кани посетители да се чувствуваат како дома. Божјиот храм е изграден 1968 година на местото каде пред повеќе од 700 години бил урнат манастирот и пак изграден со божја промисла.

Народот ја градел црквата со доброволен прилог, помагал и со работна рака.

И при градбата сон сонила Спасија да го урни тоа што се изградило без неа. Затоа се копало подлабоко уште една педа. При што се најдени четири килограми пари од сребро и бакар, кои се стопиле да се направи крстот.

Манастирот го посетуваат и стотици луѓе за викенд и се сеќаваат и оддаваат почит на бабата Спасија која била креатор на новата градба. Сега со мислата на бабата нови домаќини ја отвораат црквата, но уште како да се слуша нејзиниот ѕвонлив глас, како да ечат молитвите од Евангелието. Новите слуги и домаќини, новите клисари го вардат духовниот објект како очите во главата. Затоа манастирот е полн со верници и обичните граѓани кои имаат силна верба да го слават Бога.

Околу манастирот има три води – Самовилска, Света Недела и Света Петка. Над него се вишнее планината Клепало. Од таму им доаѓа водата. Рекичката Бела Рада и другите две го разладуваат и го живнуваат пределот. За капинките, шипките, печурките, папратот местово е идеално за виреење.

Strovija gi zbira vernicite

Селаните кога се слободни сами одат да го метат дворот и храмот. Тоа им е аманет од Спасината и нивната Света Недела. Светицата е сакана од Господ зашто воскресна во недела. Таа е одмор, оти Господ го створил светот да се работи шест дена, а седмиот да се одмора.

Цркви со името на Света Недела и во други места.

Loading