РОДЕНДЕНСКИ ТУРНИР

Одбојка

Женскиот одбојкарски клуб 11 Октомври го празнува 62. роденден. Затоа е најавен традиционалниот турнир на празникот 11 Октомври. Во салата на СОУ “Ѓорче Петров”, покрај домаќинот, ќе учествуваат младинските екипи на Љуботен (Тетово), Форца и Планет (Скопје). Подготвени се награди за екипите и за најдобрите поединки. Поканети се и некогашни и сегашни одбојкарски работници.

Тимот на 11 Октомври има чест да го води Боривое Трајкоски, тренер на екипата која во 1966 година стана шампион на Македонија.

Loading