СПОМЕНИ ЗА 75 ГОДИНИ

Legendarni fudbaleri - Bustreski i Ramadanov

Старата Победа која уште постои формално прослави 75 години во салата Македонија. На видео бим се прикажаа стари фотографии, извештаи од весници, снимка од мечот со Перуџа, се евоцираа спомени. Се обратија Бранко Буштрески, Миле Талески, Круме Митрикески, Орде Иваноски, Славе Гически, Рубин Ѓорѓиоски, Николче Здравески, скопјаните Мирсад Јонуз, Атанас Костовски, Неџат Шабани, Јуда Рамаданов, а до нив беа и кичевчаните Воислав Тренески и Пеце Трајкоски.

Со интелектот на 96 години воодушеви некогашниот играч на Гоце Делчев од 1941, Бранко Буштрески.

– Беше организиран клуб. Имаше дисциплина и ред. Постепено се редеа подобри резултати. Силен беше тимот не само дома, туку и на гости. Ништо не сопира, ниту казните, ништо… – порача Буштрески.

Во 63 сезони незамнлив лев бек беше Јуда Рамаданов.

– Од Победа во 1969 година заминав во Бешикташ. Истанбул беше 7,5 милиони жители, но многу поубаво си поминав во Прилеп кој имаше одвај 50 илјади. Најдобри пријатели имам во Прилеп. Клубот го помагав материјално и финансиски. Победа ќе ја сакам додека дишам – рече Рамаданов.

Од прославата се огради ФК Победа АД.

Loading