МЕГДАН ЗА СВЕТСКИ И ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ

Моделарство

MODELARSTVO

Претстојниот викенд на аеродромот кај Мало Коњари ќе се одржат светските купови во воздухопловно моделарство. В сабота е “Македонија куп”, а в недела во договор со црногорската федерација и “Никшиќ куп”. Бодувањето важи и за “Еурочеленџ куп”. Во рамките на ФАИ и ВФМ, организатор е “Фил феникс”, со директорот Здравко Тодороски.

Учеството го потврдија најтрофејните – Русите, кои во меѓувреме немаа настап. Доаѓаат и други фаворити и извесна е жестока борба за медалите

Во светските купови се следните категории: Ф-1-А (едрилици), Ф-1-Б (гуменици), Ф-1-Ц (клипеници), Ф-1-П и Ф-1-К. Во “Еурочеленџ” се бодува категоријата Ф-1-Х (едрилици) за сениори и јуниори. Пријавени се 12 држави со над 70 пилоти. Меѓу нив се светски и европски шампиони. Македонија има поконкурентни претставници со современи модели.

– Очекуваме врвни резултати од натпреварувачите, Небојша Стошиќ, Дејан Алексов и Гоце Јосифовски од Кавадарци, Петар Илиевски, Драган Цветановски од Битола, Аљоша Анастасов, Коста Стојановски, Ристо Барбуловски од Скопје, Климент Масин и Митко Цветановски од Охрид – потенцира Тодороски.

Натпреварите ќе ги оценуваат 70 судии, од кои голем број се од Прилеп.

Инаку, силни впечатоци донесоа и учесниците и организаторите на неодамнешниот светски јуниорски шампионат и светски куп “Прилеп”. Гостите имаа позитивни критики и изразија желба да дојдат повторно.

Loading