ШТЕРЈОВСКИ ПОЧНА СО ТРИУМФ

Фудбал

Наместо Дарко Крстески нов тренер на Победа е битолчанецот Зоран Штерјовски. Тој стартуваше со триумф “дома” во Битола со фаворитот Работнички, со 2-1 преку головите на Шаркоски и Гешоски од пенал. Прилепскиот тим ја надмина кризата, ако се земе предвид дека четири кола во серија е без пораз, освојувајќи осум бода. Претходно победи против Шкупи (2-1), а одигра нерешено со Брегалница (0-0) и со Македонија ЃП (1-1).

В недела е гостувањето кај Ренова во Тетово.

Штерјовски беше тренер и на второлигашот Корзо во 2013 г.

Табела: Вардар 18, Шкендија (-1) 14, Пелистер и Работнички по 12, Ренова 11, Силекс 10, Победа 8, Шкипи (-1), Брегалница и Македонија ЃП по 6.

Loading