НАПРЕДОК НАПРЕДУВА

Трета

Во 3. коло од Третата лига – Југ екипата на Напредок Крушеани пријатно изненади со триумф од 1-0 против Дојранско Езеро. Стрелец на победоносниот гол е Б. Димоски. На табелата крушеанци се на високото петто место, а в недела пак се домаќини, овојпат на 11 Октомври. Овој тим загуби и третпат, дома со 1-2 од лидерот Борец. Дома победи и Големо Коњари со 3-1 над Зормас Победа, со головите на Н. Касниоски, Мирчески и Папучкоски. Следи гостување кај Борец. Питу Гули дома извади нерешено 2-2 со Победа Валандово, а Партизан во Обршани загуби со 0-1 од Превалец. В недела првите се гости во Мрзенци, а партизан во Валандово..

Табела: Борец, Кожуф и Превалец по 9, Победа В. 7, Напредок 6.

Loading