МАКЕДОНСКИОТ, ПРИЛЕПСКИ ХОР ВО ХАНИОТИ

Horistite predizvikaa voodusevuvanje za turistite

Членовите на хорот „Пере Тошев“ учествуваа на интернационалната манифестација за презентација на народното фолклорно богатство во приморското место Ханиоти во Грција. Меѓу десетиците учесници од Русија, Украина, Словачка, Бугарија, Црна Гора и Србија, прилепскиот хор беше претставен како група од Македонија, кој отпеа неколку песни и ги освои симпатиите на бројната публика под отворено небо во центарот на градот. Овациите стигнаа за синхронизирањето на гласовите и за прекрасното доживување што го приредија хористите за домаќините и за последните туристи во сезоната на Халкидики во Грција. 

Loading