ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКА

Беровци

Gradinka za radost na decata

Околу  20-тина деца ќе може да се згрижат во градинка во Беровци.

Објектот наменет за децата од предучилишна возраст, кој покрај занимална содржи и канцеларија за персоналот, санитарни јазли и влезна партија, ја чинеше општината 1,5 милион денари за инвентарот и за градежните работи за адаптација на просторот. Ќе се уреди и дворното место со спортски терени, училници на отворено и простор за одмор. Со изградбата на детските установи за згрижување на најмалите, се подобрува нивниот социјален живот, а од друга страна родителите може непречено да ги извршуваат работните обврски. На овој начин, полека се решава прашањето со недостиг на установи за прифаќање на деца. Лани, во селото Тополчани беше отворена градинка, а за 100 деца се прошири капацитетот во постојната градинка во населбата Бончејца.

– Се надевам до крајот на оваа и почетокот на идната година, уште 150 деца ќе бидат згрижени во предучилишните институции зашто при крај е изградбата на објектите во населеното место Канатларци, а треба да биде отворена градинка и во Големо Коњари. Во меѓувреме ќе се вложат и 3 милиони денари во адаптација на простор за градинка во ОУ „Рампо Левката” во Прилеп. На Прилеп му треба и градинка со голем капацитет и ќе се гради во населбата Точила со што треба да биде решен проблемот со сместување на децата од предучилишна возраст – вели градоначалникот Марјан Ристески.

На свечениот чин на пуштање во употреба  на новата градинка во Беровци, присуствуваше и заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој истакна дека една од приоритетите на Министерството за труд и социјална политика е обезбедување на современи услови за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.    

Loading