Подмол

Комплетно се реновирани две училници во подрачното Основно Училиште во Подмол. Земенета е дограмата, малтарени се ѕидовите, променети се подовите, а реконструиран е и холот на училиштето. Обновата чини осумстотини и педесет илјади денари кои се обезбедени од буџетот на Општина Прилеп. Наскоро подрачното училиште ќе добие и детско игралиште кое ќе може да го користат сите деца од селото.
![]()

