YAM – YAM – ПРИЛЕПСКИ КРОАСАН ВО СТРАНСТВО

ДООЕЛ Настески

image-0-02-05-38b71c6ec3f20e03344e7a1bd62711ee1de80423d8928146b0d3bd6099f7fdb2-V

Покрај тутунот и мермерот на повидик е создавање на нов прилепски бренд. Станува збор за yаm – yаm  кроасаните на фирмата Настески, на браќата Ѓоко и Дарко. Алузијата е едноставна. Прилепскиот изговор за глаголот, јадам, е името со кое според најавите и интересот претендира да стане бренд. Изгледите се извесни, бидејки кроасаните со сопствен чоколаден крем веќе се пласираат во странство, иако производството е активирано пред неколку месеци. Први ги пробаа граѓаните на Србија. Веќе се воодушевија на сочниот вкус и им станаа секојдневен утрински оброк на трпезите не само за децата, туку и за возрасните. Со прилепските кроасани, прстите ги лижат и жителите на Косово. Пробани се и од гурманите во Босна и Херцеговина. Мерак останале дури и Швеѓаните. Повеќе европски фирми веќе се во контакт со прилепската компанија за воспоставување на деловни односи. yаm – yаm кроасаните, засега со чоко – крем, а наскоро и со овошни полнења, згазија многу познати ривали, оти се ронат во устата и предизвикуваат недоживеано задоволство и “зависност”. Оние што еднаш ги вкусиле велат дека квалитетот е близок на  продукцијата на традиционалните француски мајстори, само што цените се далеку пониски.

Деновиве заминува првиот камион за Бугарија, каде владее огромна конкуренција на полето на кондиторијата. За добриот производ далеку се слуша. Партнери од цела Европа веќе се интересираат да бидат едни од набавувачите.

Kvalitetot nosi musterii -  Darko Nasteski

Браќата Настески над дваесетина години се ориентирани на големопродажбата на прехранбени продукти. Едниот бил претставник за продажба на фирма на кроасани.

– Поради сé повеќето големи синџири на маркети, паѓа малопродажбата. Сé помалку се малите дуќанчиња каде пласираме прехранбени стоки на големо. Познавајќи го пазарот за кроасани, откривме дека иднината на компанијата може да биде производството на кроасани. За оваа проблематика имам стекнато искуство и ја познавам  работата на други производители. Со анализи и консултации лани од август почнавме со подготовка и на 1 декември 2015 година излегоа првите кроасани. Официјалното производство тргна со почетокот на годинава – објаснува Ѓоко.

Со деловните познаници најдени се интересите. Се преговара со Хрватска, Албанија, се очекуваат бизнисмени од Словенија, па Италијанци, Германци, Романци, Унгарци, Словаци, Чеси… Примероци за проба се испратени за Либија.

Se ronat vo ustatat yam yam kroasanite

– Ќе бидеме задоволни да станат наши муштерии само пет отсто од контактите. Планираме да работиме три смени и да задоволиме што повеќе трговци. Додека го надградуваме квалитетот, додека брат ми го води производството, а јас сум во комерцијата, Италијанци ни предложија да ни дадат модерна опрема, која ќе ја плаќаме со кроасани следните пет години – открива Ѓоко.

Тука не застануваат Настески, туку се носат со идеја да се насочат и кај асортиманот на замрзнатите кроасани.   

Loading