ТРАСИРАН ПАТОТ КОН ТОКИО

Карате

Izvedbata na kata timot

Каратето доби статус на олимписки спорт и таа радосна вест како да го означи стартот на силниот залет што го земаат учесниците во овој спорт. Залетот е на патот до наредните олимписки игри во Токио. Градов има голема надеж во нашите репрезентативци и затоа во иднина со интерес ќе се следи секој нивни исчекор. Првите позитивни вести се од Истанбул, каде се одржа Карате 1 Премиер лигата. Учесниците се бореа за норма за Светското првенство. Македонскиот ката тим, близначките Мишела и Маријана Димоски со Пулексенија Јованоска освоија сребрен медал. Сите ги совладаа, а поразени се во финалето од Турција.

Значајни се и поединечните настапи. По две победи остварија близначките и Јованоска, а една најмладата – Киријана Камческа.

Loading