ТАЖНО Е БЕЗ ПУБЛИКА

Ракомет

Moment od revansot Prilep - Vintertur

Ракометот е спорт кој не може да се замисли без присуство на многубројна публика, особено ако станува збор за натпревари од висок ранг. Затоа изгледаше мошне тажно, кога минатиот викенд во Универзалната сала Прилеп се сретна со швајцарскиот Винтертур во купот ЕХФ. Самото европско ниво навестуваше спектакл, но трибините беа речиси празни. На првиот меч само 200-300 гледачи, а на реваншот следниот ден уште помалку. Публиката овде добро го познава ракометот и насети дека ќе нема рамноправен дуел. Можеби тоа е причината што не дојде во салата.

И тоа се случи. Прилеп загуби двапати со голема разлика. Првиот дуел се случи поразот од 19-42, вториот беше 15-42. За тие што не ги следеа натпреварите, сигурно е изненадување тоа што нашиот тим не даде достоен отпор. Меѓутоа, ако се земе предвид играчкиот кадар со кој располагаше тренерот Томче Петрески, многу ќе биде појасно. Немаа стекнато право и не се појавија на паркетот сите три заслувања, бекот Орјоникидзе, голманот Трајковски и пивотот Тренчевски. Само петмина беа искусни: Рајчиќ, Ангеловски, Петкоски, Бозароски и Ѓорѓиески. Ни една постава. Останатите шест се довчерашните младинци, кои собираат искуство. Вкупниот резултат е негативен од 50 гола. Сепак, мора да се истакне одличната организација, затоа што судиите и делегатот, како и гостинските ракометари искажаа пофалби и задоволни го напуштија Прилеп.

Претстои поправање на впечатокот во првенството на Супер лигата, кое стартува на 17 септември со дуелот дома против Вардар јуниор.

Loading