ТРЕНИНЗИ НА ОТВОРЕНО

Жени

Откако беше одлучено да има женска ракометна Супер лига, екипата на Прилеп се подготвува под водство на тренерот Рубин Богојески. Првите тренинзи се кондициски, на отворено, на Спортскиот центар. Засега задачите ги извршуваат 14 ракометарки, но извесно дека бројката ќе биде зголемена. Има преговори и можно е да се приклучат искусни ракометарки, а не е исклучено да дојдат неколку засилувања отстрана. Наскоро работата ќе се одвива в сала.

Лигата ќе стартува на 18 септември на гости со Куманово, а првиот меч дома е во третото коло со Пелистер.

Loading