БАБИ И ДЕДОВЦИ – ПРВАЧИЊА

Vo ucilisniot dvor po polovina vek

Десетина сограѓани кои го почнале школувањето пред 50 години се сретнаа во основното училиште Кочо Рацин на први септември.  Иако поголем дел се баби и дедовци, без своите внуци,  имаа одделенски час како пред пет децении во 1966/67 г. кај наставничката Милка Јорданоска. Седнати во клупите каде ја почнаа трката за знаења, евоцираа спомени од првата средба со учителката. Ги  разгледаа и старите слики да се потсетат на првиот училишен ден. Се запознаа уште еднаш, оти многумина заминале на различни страни од светот како интелектуалци или работници. На соучениците кои не дочекале да се видат, им оддадоа почит со едноминутно молчење. Бурекчилницата Александрија им подари бурек и јогурт за појадок во училишниот двор како некогаш. Договорија средби повеќепати во годината, оти се на возраст од 57 години и веќе почнале да се ретчат.

Оригиналноста на идејата дојде од Ладе Ристески, бидејќи сметал дека не ја познава доволно генерацијата, а школувањето го завршил со осмолетката. 

Loading