ПОЗНАТ ДЕСЕТТИОТ СУПЕРЛИГАШ

Празничен бараж

Синоќа, на Денот на независноста, се одигра бараж – натпреварот за пополнување на Супер лигата за мажи, откако екипата на МАКС Струмица се откажа поради финансиски проблеми. Во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” се водеше интересна борба меѓу тимовите на Преспа од Ресен и Металург 2 од Скопје, а резултатот (24-31) го носи победникот во елитното друштво. Настанот е уште едно големо признание за ракометните работници од градов, кои се покажуваат во најдобро светло како организатори.

Пред три месеца на истото место се одигра баражот Борец – Вардар 2, кога со убедлив триумф велешаните останаа во Супер лигата.

Loading