КОНЦЕРТ НА СЕСТРИТЕ НИКОСКИ В ПОНЕДЕЛНИК

Virtuozi  na pijano i violina - Sestrite Nikoski

Сестрите Софија и Христина Никоска ќе приредат уште едно музичко доживување, настапувајќи на виолина и на пијано. Во изложбениот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,, од 20 часот ќе се претстават  в понеделник  со дел од Бетовен, Хенри Виењавски, Брамс…

Виолинистката Софија Никоска, има завршено ФМУ во Скопје. Беше најмлад студент со 15 години кој многу ветуваше и дипломира со највиоска оценка. Од 2011 година е студент во класата на реномираниот професор Захар Брон во кралскиот колеџ во Мадрид, Шпанија. Првата награда ја освојува на 9 години, за да следат многу други признанија. Учествувала на семинари кај бројни виолински педагози, реализирала бројни концерти во земјата и во странство.

Сестра í Христина одлучува за пијаното. Завршува ФМУ во Скопје. Посетувала часови кај врви пијанисти. Учествувала на бројни натпревари каде освоила награди. Реализирала повеќе рецитали. Настапила на концерти, со Македонската филхармонија. Значајно е нејзиното гостување во Кина годинава каде одржа мастер клас и неколку концерти. Од 2012 година работи како професор во ОМУ ,,Ордан Михајлоски – Оцка,,.

Loading