ФОТОГРАФИИТЕ НА МИЦЕВСКА ВО ДЕМИР ХИСАР

За 25 годишнината од независноста на Македонија

MIcevska so fotografiite pred DemirhisarcaniДваесетина фотографии од циклусот „МОМЕНТ“ на впечатоци 2″ од новинарот Каролина Мицевска е содржината на изложбата во Демир Хисар за финалето на демирхисарското културно лето. Жителите на овој град се запознаа со дел од возбудувачките моменти на турите низ Македонија, од повеќе европски земји, со посебен акцент на Русија.

Изложбата ја отвори градоначалникто Љупчо Блажевски, при што потенцираше дека предизвикуваат восхит и полн погодок за епилог на културното лето.

Мицевска работи во ЦК ,,Марко Цепенков,,. Имала изложби во Прилеп, Гевгелија, Радовиш, Крушево, Неготино, Велес, Илинден, Скопје, а со новиот циклус ,,Убавините на Македонија,, се претстави како единствен изложувач во Москва, Русија.

Loading